Ramazan in Kičevo- Makedonija


shadow

Д-р Шемоски: Кичево го потполни рамазанскиот сјај

Едно летимично набљудување над Кичевскиот хоризонт во предвечеријето, реперкусијата на звукот од рамазанскиот топ, дополнително ја зачини вечерта со преубав зачин. Рамазанскиот топ кој е веќе традиција на многу градови каде што егзистираат муслиманите на Балканот па и пошироко, го означува почетокот на најблагородниот месец, месец на Аллахова милост (rahmeh), берикет (berekeh) и опростување на гревовите (magfireh). Иначе, примарна задача на топовите е дехуманистичка, но Рамазанскиот топ како симбол на месецот Рамазан сигурно е симбол на мирот, љубовта, солидарноста и симбол на спојување на луѓето, затоа што така не учи нашата возвишена вера, и такви се пораките од благородниот месец Рамазан. Тој најдобро ќе го сукусира заедничкиот живот на сите граѓани, и така ќе не потсети на помалку заборавениот заеднички соживот, почитување и толеранција, кои се неминовен фактор во мултинационалното, мултиконфесионалното и мултикултуралното општество како архетип. Кој ја почитува својата вера, ќе ги почитува и другите, кој не ја почитува својата вера, ќе му пречат и другите вери. Не навлегувајќи трансцендентално во теолошки и теозофски учења, кој во што и како верува, едно е многу важно, а тоа е да го почитивумае секое Господово створение. Човекот како најсовршено битие има право и треба да трага, да истражува и интелигибилно да ја спознае вистината, да ја истражува и изучува егзистенцијата на светот или егзистенцијата Платонски кажано mundus imaginalis или ‘alam al-mithal. Но, денес никој не сака да го сослуша другиот, сите мислат дека се на Вистината, а Вистината може да биде само една. Во едно ќе се сложиме сите: сѐ е пролазно на овој свет, или старогрчки филозофски panta rei , и навистина сѐ ќе протече и ќе помине, но важно е колку си добар човек, колку ги почитуваш другите и колку исполнуваш од она што го бара твојата вера, а секоја вера се повикува на меѓусебна љубов, уважување, солидарност, помагање и почитување на човекот. Благородниот месец Рамазан треба да не промени на подобро, да бидеме подобри верници, подобри комшии и подобри луѓе, а припадниците на другите вери па дури и агностиците да ја почуствуваат таа доброта, и тие да се радуваат во овој месец, поради големите доброти и благосостојби. Тогаш Рамазан ја исполнил нашата душа, а ние би е исполниле нашата мисија, а рамазанскиот топ би ја исполнил целта. Никој никого нема право да присилува ни нашто, на крајот „вас вашата вера, нам нашата“.

Д-р Мухамед Шемоски

Source: Muhamed Semosky

Author

admin